Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Tuesday, December 3, 2024

More
    домаАгро ВестиФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023

    ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023

    petel baner

    ПРОГРАМА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023 ГОДИНА

    I

    Средствата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година во вкупен износ од 6.437.634.000,00 денари, обезбедени согласно Буџетот на Република Македонија за 2023 година (,,Службен весник на Република Македонија“ бр.282/22) раздел 140.04, програма 2, потпрограма 20, ставка 464-разни трансфери ќе се користат според следните мерки:

    Otkup na kompiri

    II

    Средствата од дел I мерка 1 од оваа програма наменети за директни плаќања за растително производство во износ од 2.000.000.000,00 денари ќе се користат според следните подмерки:

    Бр.  Име на подмерката
    На
    подмерка
    1.1.Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите
    поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија, освен за
    тутун
    1.2.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на
    сертифициран семенски материјал, освен за ориз
    1.3.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за остварено
    производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион
    1.4.Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за градинарско
    производство и цвеќе на отворено и во пластеници
    1.5.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за остварено
    производство од домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и
    компир на отворено и во пластеници
    1.6.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за производство под
    контролирани услови на домати, пиперки и краставици
    1.7.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4. за градинарски култури
    предадени во преработувачки капацитети
    1.8.Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на
    постоечки овошни насади
    1.9.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено
    производство на овошje
    1.10.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за овошје предадено во
    преработувачки капацитети
    1.11.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за јаболка предадени кај
    регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети
    запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи
    1.12.Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на
    постоечки лозови насади
    1.13.Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.12. за остварено
    производство на грозје
    1.14.Директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен
    необработен тутун од реколта 2022 година
      1.15.Директни плаќања за произведен и продаден домашен сертифициран
    семенски материјал од прва и втора генерација за житни, фуражни,
    индустриски и градинарски култури
    1.16.Директни плаќања за производство на домашен лозов и овошен саден
    материјал
    1.17.Директни плаќања за производство на сертифициран посадочен материјал
    за градинарски и цветни култури
    1.18.Директни плаќања за производство на млади растенија од цвеќе во ин
    витро услови и производство на цвеќе во саксија
    1.19.Директни плаќања за производство на предосновен и основен семенски
    материјал за житни култури
    1.20.Директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според
    историски плаќања за претходните три години

    III

    Средствата од дел I мерка 2 од оваа програма наменети за директни плаќања за сточарско производство во износ од 1.000.000.000,00 денари ќе се користат според следните подмерки:

    Бр. наИме на подмерката
    подмерка
    2.1.Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12
    месеци
    2.2Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за
    обележани женски грла говеда постари од 12 месеци
    2.3.Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.1. за основни стада за
    производство на говедско месо
    2.4.Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо
    млеко
    2.5.Директни плаќања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран
    кланичен капацитет
    2.6.Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5. за одгледани и
    заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет
    2.7.Директни плаќања за добиено теле по пат на В/О
    2.8.Директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци
    2.9.Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.4, 2.8 и 2.12 за
    обележани грла овци постари од 12 месеци
    2.10.Директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци
    2.11.Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.4, 2.10 и 2.12 за
    обележани грла кози постари од 12 месеци
    2.12.Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8. и 2.10. за предадено
    јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет
    2.13.Директни плаќања за женски приплодни грла-маторици
    2.14.Директни плаќања за продадени или заклани гоеници во регистрирани
    кланични капацитети
    2.15.Директни плаќања за одгледани и продадени или заклани бројлери во
    регистрирани кланични капацитети
    2.16.Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани
    кланични капацитети
    2.17.Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски
    пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди
    2.18.Директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство
    2.19.Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.18. за пчелни
    семејства вклучени во селекција за производство на пчелни матици
    2.20.Директни плаќања за лабораториска анализа на физички и хемиски
    својства на мед

    IV

    Средствата од дел I мерка 3 од оваа програма во износ од 10.000.000,00 денари за помош во премии и осигурување ќе се користат согласно член 98 од Законот за земјоделство и рурален развој со максимален износ на поддршка од 150.000,00 денари по земјоделско стопанство.

    Помошта од ставот 1 на овој дел се доделува за премии и осигурување склучени од 1 август 2022 година до 31 јули 2023 година.

    V

    Средствата од дел I мерка 4 од оваа програма во износ од 1.000.000,00 денари ќе се користат за анализа на физичките и хемиските својства на почвата на земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски или педолошки анализи во 2023 година и тоа 80% од трошоците за анализа без данок на додадена вредност, но не повеќе од 12.000,00 денари по земјоделско стопанство.

    VI

    Средствата од дел I мерка 5 од оваа програма во износ од 10.000.000,00 денари за помош за одделни категории носители на земјоделско стопанство ќе се користат согласно член 102 од Законот за земјоделство и рурален развој како дополнителна помош која се доделува на земјоделски стопанства корисници на директните плаќања.

    Дополнителната помош се доделува на следните категории носители на земјоделски стопанства:

    • дополнителна помош од 5% на правно лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства како земјоделско стопанство кое е основано од носителот или членот на семејно-земјоделско стопанство со целокупниот земјоделски имот на семејно- земјоделско стопанство освен објекти за домување или престојување на земјоделски производители;
    • дополнителна помош од 10% на млад земјоделец носител на семејно-земјоделско стопанство;
    • дополнителна помош од 10% за земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на земјоделски задруги што се води во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделски задруги за остварено и продадено производство преку задругата и
    • дополнителна помош од 20% на носител на семејно-земјоделско стопанство кој е регистриран вршител на земјоделска дејност согласно со Законот за вршење земјоделска дејност или е регистриран како индивидуален земјоделец согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

    VII

    Дел од средствата од дел I мерка 6 од оваа програма во износ од 12.000.000,00 денари за помош во сточарскиот сектор се наменети за покривање на административни трошоци за воспоставување и одржување на матично книговодство и трошоци за испитувања извршени за утврдување на генетскиот квалитет или приносот во сточарството, согласно член 103 став (2) алинеи 1 и 2 од Законот за земјоделство и рурален развој, а средствата ќе се реализираат со јавен конкурс согласно член 60-б од Законот за сточарство кој го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    VIII

    Средствата од дел I мерка 7 од оваа програма во износ од 500.000,00 денари се наменети за финансиска поддршка за складирање на пченица и јачмен од домашно производство од род 2023 година.

    Корисници на средствата од дел I мерка 7 од оваа програма се земјоделски стопанства евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства кои имаат пријавена површина со пченица и јачмен согласно подмерката 1.1. од оваа програма и ја имаат предадено пченицата и јачменот на складиштење кај складиштарите во период од 1 август до 1 септември 2023 година, со исклучок на земјоделските стопанства кои складираат за сопствени потреби.

    IX

    Средствата од дел I мерка 8 од оваа програма во износ од 360.000.000,00 денари ќе се користат согласно член 98-в од Законот за земјоделство и рурален развој за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација за земјоделски стопанства.

    Помошта од ставот 1 на овој дел е во висина од 50% од трошоците на земјоделските стопанства за набавка на дизел гориво за земјоделска механизација, но не повеќе од 100.000,00 денари по земјоделско стопанство.

    X

    Средствата од дел I мерка 9 од оваа програма во износ од 10.000.000,00 денари ќе се користат согласно член 77 став (8) од Законот за земјоделство и рурален развој за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности за производство (ПОМ).

    XI

    Средствата од дел I мерка 10 од оваа програма во износ од 15.000.000,00 денари ќе се користат од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за покривање на материјални трошоци за спроведување на оваа програма и тоа за: услуги за печатење на обрасци и информативни материјали и огласи потребни за спроведување на оваа програма, услуги за печатење и достава на известувања до барателите, услуги за проверка на трансакциски сметки на корисниците на оваа програма, набавка на гориво и патни трошоци за вршење на контролите на терен, како и трошоци поврзани со одржување на возилата, услуги за изработка, прилагодување и одржување на софтверски решенија за спроведување на оваа програма, услуги од надворешни експерти вклучително и ревизија на оваа програма, услуги за обезбедување на сателитски снимки наменети за контролите на терен, набавка на информатичка и техничка опрема наменета за спроведување на оваа програма вклучително и опрема потребна за спроведување на контролите на терен.

    XII

    Средствата од дел I мерка 11 од оваа програма во износ од 3.019.134,000,00 денари ќе се користат за исплата на финансиски средства за заостанати обврски по мерки од Програмите за финансиска поддршка во земјоделството од 2019, 2020, 2021 и 2022 година.

    XIII

    Корисници на директни плаќања од дел I мерки 1, 2, 3, 4 и 5 од оваа програма се земјоделски стопанства кои ги имаат намирено сите финансиски обврски согласно член 14-а од Законот за земјоделство и рурален развој.

    Корисниците на директни плаќања од дел I мерка 2 од оваа програма се и земјоделски стопанства кои имаат подмирени надоместоци и обврски кои произлегуваат од годишните наредби за здравствена заштита на животните и Законот за идентификација и регистрација на животните, а се однесуваат на подмерките од дел III од оваа програма.

    XIV

    Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерките 1 и 2 од оваа програма е утврден во член 4 од Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

    Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 3 од оваа програма е 31 август 2023 година.

    Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 4 од оваа програма е 31 мај 2023 година.

    Крајниот рок за поднесување на барања за директни плаќања за мерката 5 од оваа програма е 31 мај 2023 година, освен кога барањето се поднесува истовремено и за подмерките 1.3., 1.5., 1.7., 1.9., 1.10., 1.13. и 2.17. од оваа програма, за кои рокот е утврден во член 4 точка 2 од Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2023 година.

    Крајниот рок за поднесување на барања за мерката 7 од оваа програма е 15 септември 2023 година.

    XV

    Директните плаќања од подмерките 1.1., 1.4., 1.8., 1.12., 1.14., 2.1., 2.4., 2.8., 2.10. и 2.13. од оваа програма ќе се исплаќаат најдоцна до 31 декември 2023 година, а директните плаќања од подмерките 1.15., 1.16., 1.17., 1.18., 1.19., 1.20., 2.5., 2.7., 2.14., 2.15., 2.16.,

    2.17., 2.18. и 2.20. од оваа програма, како и дополнителните директни плаќања од подмерките 1.2., 1.3., 1.5., 1.6., 1.7., 1.9., 1.10., 1.11., 1.13., 2.2., 2.3., 2.6., 2.9., 2.11., 2.12 и

    2.19. од оваа програма ќе се исплаќаат најдоцна до 30 јуни 2024 година.

    agrounik

    XVI

    Оваа програма влегува во сила со денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија“.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА 2023

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img