Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

26.8 C
Skopje
Friday, May 26, 2023

More

    Нов вид пченица со повисоки приноси и повеќе протеини

    Научниците од Универзитетот во Аделаида и британскиот центар Џон Инес идентификувале генетски двигател кој ги подобрува својствата на приносот на пченица.

    Ова откритие може да доведе до зголемување на содржината на протеини во новиот вид пченица до 25 проценти.

    „Малку се знае за механизмот кој стои зад активирањето на приносот и содржината на протеини во производството на пченица“, вели водачот на истражувањето, д-р Скот Боден. Тој наведува дека откритието има потенцијал да помогне да се создадат нови сорти кои даваат зрно со повисок квалитет.

    Пченицата сочинува 20 проценти од протеините што се консумираат во светот. А резултатот од ова истражување може да помогне да се создадат сорти со подобрени нутритивни и економски вредности.

    „Генетската варијација што ја идентификувавме обезбедува зголемување на содржината на протеини од 15 до 25 проценти за растенијата што се одгледуваат на терен“, изјави д-р Боден. Тој додаде дека зголемувањето на родот со дополнителни, спарени класови се уште не е откриено. Но се надеваат дека тоа би можело да се случи со елитните сорти.

    Подобро за производителите, подобро за потрошувачите

    Паралелно со зголемувањето на содржината на протеини, не доаѓа до намалување на приносот. Така што ова откритие има уште подобар потенцијал да обезбеди економски придобивки за одгледувачите. Но и за потрошувачите поради неговата повисока хранлива вредност.

    Новите, подобрени сорти пченица се очекува да бидат достапни за две до три години.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    Како да се подготви супстрат за буковка?

    Како да се подготви супстрат за буковка? Одгледувањето печурки стана исклучително популарно. За некои производители,...

    Месо од лабораторија е 25 пати поштетно за климата отколку говедското

    Месо од лабораторија се добива со растење на животински клетки. Се верува дека овој начин...

    Дури и замрзнатата храна има рок на траење

    Замрзнатата храна има рок на траење, а доколку се чува правилно може да биде...

    - A word from our sponsor -

    spot_img