Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Wednesday, July 24, 2024

More
    домаАгро ВестиСЗО повикува да се прекине со субвенционирање на тутунот и во Македонија

    СЗО повикува да се прекине со субвенционирање на тутунот и во Македонија

    petel baner

    Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето.

    СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Македонија. Која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун добива субвенции до 2 507 долари по хектар, додека пченицата се поддржува со максимум 269 долари, нагласува СЗО.

    Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно. Но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.

    Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето. Ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.

    Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиони долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот.

    agrounik

    Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот.

    Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот. При што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди,. Но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img