Јагода – здрава и хранлива, во 100 грама ја содржи целокупната дневна доза на витамин Ц, а во себе има одвај 50 калории, па се смета за најдобар пријател на витката фигура.
Освен што е исклучително добра за здравјето, јагодата позната е и како афродизијак, особено во комбинација со шампањ.
Љубителите на ова црвено овошје треба да знаат дека може да го чуваат во фрижидер до три дена. При миењето отстранете ги зелените делови и мијте во цедалка со силен млаз вода. Не е препорачливо да ги потопувате и оставате подолго време во вода бидејќи на тој начин губат од својата нутритивна вредност. Доколку се решите да ги замрзнете имајте предвид дека на тој начин може да се чуваат најмногу до година дена.
Освен тоа јагодите се нарекуваат и овошје на љубовта поради нивното афродизијачко дејство како и поради тоа што честопати се незаменлив дел од љубовната игра особено кога се комбинираат со шампањско, шеќер во прав и течно чоколадо.
Јагоди со ликер
Потребен ви е еден килограм јагоди, 3 лажици ликер Cointreau, кора од портокал, 4 лажици шеќер и листови од нане. Јагодите ставете ги во сад, прелијте ги со ликер, додајте изрендана кора од портокал и шеќер. Потоа прекријте го садот и оставате го да отстои со цел јагодите да се натопат во течноста. Пред послужување промешајте еднаш и украсете со лист нане.
Сладолед од јагоди и мед
За овој вкусен сладолед ви се потребни 450 грама јагоди, лажица лимонов сок, 4 лажици мед, неколку капки екстракт од ванила и 500 мл немасен јогурт. Измешајте ги јагодите со медот со сокот од лимон и екстрактот од ванила и јогуртот. Ставете ја смесата во пластичен сад, а потоа во замрзнувач. По два часа измешајте со жица за матење и повторно ставете ја смесата во замрзнувач додека не се замрзне.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK