Исхраната е битна зачовековата благосостојба. Со конзумирање на научно докажана „среќна храна“ се подига расположението, енергијата, а се смирува анксиозноста и стресот.
– Храната може да ја поттикне или ја попречи среќата. Една од седумте невролошки тајни на среќата е уживањето во вистинска храна и пијалак, што прави да се чувствуваме подобро, не само во тој миг, туку и на долг рок. Одредена „среќна храна“ е научно докажана како таква. Има и „тажна храна“ – онаа која го расипува расположението, ја одзема енергијата, ја зголемува напнатост. И којашто треба да се избегнува, објаснува американскиот психијатар Даниел Амен.
„Среќна“ храна
Вистинската „среќна храна“ е онаа што прави да се чувствувате добро во мигот, но го подобрува расположението, енергијата и физичката благосостојба и на долг рок.
Од друга страна, пицата, сладоледот и чипсот, може да пружат моментен брз поттик, но подоцна го одземаат чувството на задоволство. Општо земено, ова се неквалитетни намирници кои се направени со добар вкус за да поттикнат „чувство на блаженство“ во мозокот преку неврохемикалии на среќата – како што е допаминот, коишто предизвикуваат зависност.
Сѐ поголем број на научни трудови покажуваат дека ваквата исхрана го зголемува ризикот од депресија, анксиозност. Нарушување на хиперактивност и дефицит на внимание, деменција, како и дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и други состојби, пренесува „МБГ“. Стручњаците препорачуваат поголема рамнотежа во исхраната и при изборот на јадењата.
– Како психијатар имам сретнато десетици илјади пациенти во повеќе од 30 години, па можам да ви кажам дека овие проблеми ви ја одземаат животната радост, појаснува д-р Амен.
Според него, намирниците за трајна среќа вклучуваат: Органско шарено овошје и зеленчук, особено бобинки и зелјести плодови; одржливо одгледани риби и месо, јаткасти плодови и семиња, здрави масла, јајца; чисти протеински прашоци (без шеќер, растителна основа), црно чоколадо, непреработена храна, органска храна, храна со низок гликемиски индекс (којашто не го зголемува шеќерот во крвта), храна богата со растителни влакна.
„Тажна“ храна
– Јас тоа го нарекувам „оружје за масовно уништување“, бидејќи го уништува здравјето на населението. А ние ги извезуваме тие видови храна низ светот. Тоа се намирници кои Ве прават среќни во мигот. Но поради коишто подоцна се чувствувате лошо, уморно, вознемирено или стресно, предупредува Даниел.
Лажната „среќна храна“, според наводите, ги вклучува следните намирници: Високо обработена храна, третирана со пестициди, со висок гликемиски индекс (што го зголемува шеќерот во крвта). Со ниска количина влакна, вештачки обоена и засладена храна, производи третирани со хормони и антибиотици.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK