Основните микронутриенти неопходни за нормално функционирање на телото се јаглени хидрати, протеини и масти. Мастите, и од растително и од животинско потекло, се важни. Без нив не би можеле да се реализираат голем број функции во организмот. Постојат различни видови на масти, а транс мастите се најопасни, па затоа треба да се избегнуваат.
Транс мастите се добиваат со хидрогенизација на растително масло, кое на тој начин се претвора во цврста состојба. Потоа се користи за пржење и за производство на разни прехранбени производи како маргарин, готови оброци, колачи, бисквити, чоколади итн. Меѓу другото, транс мастите се користат и за да останат подолго свежи споменатите производи и да бидат повкусни. Сепак, беше откриено дека потрошувачката на транс масти го зголемува ризикот од смрт од срцеви заболувања за 28% и шансата за развој на кардиоваскуларни болести за 21%.
Која храна содржи транс масти?
Исхраната богата со транс масти може да доведе до зголемено ниво на холестерол во крвта. Зголемување на ЛДЛ холестеролот и намалување на ХДЛ холестеролот. Ова пак го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и срцев удар.
За почеток, треба да избегнувате производи на чие пакување пишува дека содржат хидрогенизирани масти и масла (или маргарин), како што се бисквити, колачи, торти и пецива. Делумно хидрогенизираните масла се користат и при пржење на разни грицки и брза храна (помфрит, хамбургери и сл.). Месото и млечните производи содржат природни транс масти, за кои експертите веруваат дека не се толку штетни за здравјето како индустриските транс масни киселини, доколку се консумираат умерено.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK