Маслото од кантарион се добива од истоименото растение кое е повеќегодишна билка. Кантарионот цвета од мај до септември, но најмногу во текот на јули, а неговите цветови се со жолта боја.
Станува збор за едно од најраспространетите лековити растенија. Популарноста на кантарионот меѓу народот се должи на неговите антибактериски, антивирусни и антигабични својства.
Маслото од кантарион е богато со хиперицин, танини и флавоноиди кои имаат антивоспалително дејство. Освен тоа, уште од античко време кантарионот се користи како лек за зараснување на раните.
Маслото од кантарион помага при:
- рани
- изгореници од прв степен
- воспаление на јајниците
- вагинални инфекции (габични и вирусни инфекции, вклучувајќи ХПВ и херпес)
- хемороиди
- проширени вени
- стрии, лузни и акни
- чирови
- воспаление на мускулите
Маслото од кантарион е ефикасен лек и во случај на ревматизам и ишијас. Важно е да се напомене дека ова масло е одличен лек за разни женски проблеми како што се цисти, воспаление на јајниците и габи.
Доволно е да користите тампон кој е натопен во масло од кантарион и да ја повторите постапката доколку сè уште чувствувате болка. Освен тоа, можете да најдете и вагиналети со масло од кантарион.
Покрај тоа, во случај на хируршки третман на рак на дојка како и за заздравување на раните по завршувањето на операцијата, лекарите препорачуваат употреба на масло од кантарион.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK