Еден од начините да го конзервирате вкусот на вечна пролет и во зимските денови, или секогаш кога ќе бидете расположени за интензивирање на доживеаните искуства е овој неодолив ликер.
Овој домашен ликер можете да го пиете во добро друштво или додека се релаксирате.
Потребни сосотојки:
- 800 гр јагоди
- 1 литар вода
- 650 гр шеќер
- 1 литар џин
Приготвување:
Исчистете и измијте 800 грама јагоди. Исечете ги поголеми јагоди на четвртини, а помалите на половинки. Ставете еден литар вода во тенџере, додадете 650 грама шеќер, сецканите јагоди и варете додека не зоврие на умерен оган. Кога врие, додадете еден литар ракија и варете додека не зоврие.
Кога ќе почне да врие, тргнете го од оган, покријте го тенџерето и оставете го да отстои 24 часа. По 24 часа, измешајте па процедете и сипете го ликерот во шишиња.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK