Отровни домати и краставици серијалот продолжува…. Прес конференција на Агенцијата за храна и ветеринарство во која се негираат шпекулациите кои што периодов беа проширени дека доматите и краставиците во Македонија не се безбедни за јадење бидејќи содржат недозволени количини на пестициди и други разни хемии.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство предупредуваат дека ширењето паника и тревога е кривично дело.
„Негативни се сите резултати за наводни резидуи од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа при брифирањето, некој некого излажал. Ако ги погледнете резултатите, некој помешал микро и милиграми. Сите се во рамки на дозволените количини. За жал некој се декларира како демохристијан, а за време на верски празник излегува со неточни податоци – за мене е тоа ‘нон-сенс’. Ќе мора да преземеме некои активности за да се заштитат граѓаните. За нас, нечие извинување не ни значи. Ако некој треба да се извини, тоа е на граѓаните“,
Од Агенцијата за храна и ветеринарство убедуваат дека редовно се врши контрола на храната што се увезува во Македонија
Неодамна, на пример, имавме пратка од Египет со портокали. Резултатите покажаа присуство на пестициди над дозволеното. Таа пратка е ставена под надзор“
Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица. Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија.
Отровни домати и краставици серијалот продолжува….
Кој е во право и дали храната е безбедна се додека не одлучи судот највероватно знае само оној горе.
Сезоната на шопски салати, домати со кромид, краставици со лукче, жетварска салата …. е почната дали ќе јадете или на кого ќе му верувате оставаме сами да процените.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK