Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро ВестиМакедонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

    Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

    petel baner

    Македонија како 37 членка се приклучи кон Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

    Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го информираше за одлуката генералниот директор на ФАО, Ку Донгју.

    – Македонскиот сектор за рибарство и аквакултура е мал, но важен за земјата. Производството на риба е од околу 2.500 тони годишно. Аквакултурното производство првенствено се сведува на видови пастрмка и крап, а се одвива во бари, реки и езера. Министерството има цел да го удвои производството на аквакултура до 2030 година. Со тоа ќе ја зголеми домашната обезбеденост со храна во согласност со Националната стратегија за земјоделство и рурален развој за периодот 2021–2027 година и Национална стратегија за биолошка разновидност со акциски план (2018–2023), се наведува во соопштението од ФАО.

    Според министерот Николовски, членството дава можност за вклучување во регионални проекти за рибарство и аквакултура. Потоа, пристап до знаење и научни совети, трансфер на градење капацитети и технологии и иновации за аквакултурата.

    Agrobot

    Постојаниот претставник на Македонија во ФАО, Лидија Попандонова смета дека иновирањето на секторот аквакултура со цел да се зголеми производството на храна од водно потекло и неговата отпорност кон климатските промени е приоритет за земјата. Таа очекува дека експертите на EIFAAC ќе помогнат да се зајакне технолошкиот капацитет на бизнисите за аквакултура и производство на риба на одржлив начин и за обновување на природните води со автохтони видови.

    Во наредните години, 37-те членови на Комисијата, меѓу другото, ќе соработуваат за промовирање на иновациите и дигитализацијата и зајакнување на животната средина во руралните средини. Исто така и за поддршка на одржливото управување со природните ресурси и олеснување на отпорноста во секторите храна и земјоделство. Работата на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура треба да придонесе кон обезбеденоста со храна и намалување на неухранетост.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    EIFAAC е основана како регионално тело за рибарство од страна на Советот на ФАО во 1957 година. Тоа е важен меѓувладин форум за соработка и размена на информации за рибарството и аквакултурата на сите европски земји. Домаќин на следната седница на EIFAAC ќе биде Владата на Хрватска во 2024 година.

    – Управниот комитет на EIFAAC, Техничкиот и научниот комитет, членовите и Секретаријатот ја поздравуваат Македонија како нова членка. Се радуваат на развивање силни односи со земјата во врска со рибарството и аквакултурата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img