Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

16.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024

More
    домаАгро ВестиПрскање од дрон против плевелите во кочанските ниви со ориз

    Прскање од дрон против плевелите во кочанските ниви со ориз

    petel baner

    Земјоделците од атарот на кочанското село Новоселани за првпат користеа дрон за прскање со хемиски препарати против плевелите во оризовите ниви.

    Примената на оваа современа технологија во оризопроизводството значително ќе им ги намали трошоците. Но и времето за примена на хербицидите во заштитата на растението во неговата рана фаза. Освен тоа, не се прави ни физичка штета на обработените површини, затоа што во нивите не се внесува земјоделска механизација.

    – Очекувам третманот со дрон да биде многу поуспешен од класичниот начин на прскање против плевели. За што користевме рачни прскалки или моторни пумпи на трактор. Бидејќи веќе нема ни доволно работна сила за рачно прскање, ова е најповолна и најефикасна опција. А третманот се изведува многу брзо. Површина од пет декари со дронот ја испрскавме за десетина минути. А кога би користел трактор или рачна прскалка, освен дополнителни работници, ќе ми требаат еден или два часа, во зависност дали нивата е добро исцедена од водата. Имам 15 хектари со ориз и откако ги видов предностите, целата површина ќе ја прскам со дрон. Со што наместо за две недели, работата ќе заврши за три-четири дена, истакна Зоран Станисавов, земјоделец од Новоселани.

    Agrobot

    Оризопроизводителите засега користат услуга со дрон од трети лица, но веќе размислуваат и сами да набават опрема.

    Се работи за инвестиција од десетина илјади евра за еден уред, со дополнителни навигациски додатоци заради прецизност во извршувањето на задачите.

    – Дронот го набавивме за сопствени потреби, за третирање на пченицата со пестициди, фунгициди и хербициди, а резултатите се повеќе од одлични. Сега нудиме услуга и на други земјоделци. Дисперзијата на активната материја по единица површина е секогаш точна и прецизна до квадратен метар. Што значи нема ниту загуба на препаратот, ниту делови од нивата да останат нетретирани. Во светот оваа технологија масовно се користи. А ние иако во почетокот бевме малку скептични, брзо се разубедивме и ги согледавме предностите. Веќе третиравме кај другите жита, а сега почнуваме и кај оризот, истакна Илија Серафимов од Пробиштип, сопственик на дрон за прскање во земјоделството.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    При користење дрон за третман на пченицата и другите житните култури се лета со брзина од околу осум метри во секунда. И во просек дневно можат да се покријат околу 50 хектари. Кај оризот летањето се изведува двојно побавно. Но предност е што нивите се идеално рамни и во просек се третираат по околу 30 хектари дневно.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img