Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 5, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛоворов лист корисен зачин и лек

    Ловоров лист корисен зачин и лек

    petel baner

    Ловоров лист како зачин, како лек, или како венец од секогаш бил составен во животот на луѓето.

    Гранчињата од ова медитеранско дрво со карактеристични лисја биле знак за најголемата чест и слава уште во античкото време. Венецот од ловоров лист кој ги украсувал главите на победниците во олимпијадата потекнува уште од Питиските игри во старата Грчка, која датира уште од 568 година пред Христос, а посветени се на богот Аполон.

    Ловорот е зимзелена, мирисна, типично медитеранска билка, која потекнува од Мала Азија. Може да ја достигне висината од 8 метри, цвета во текот на март и април. Листот може да се бере преку цела година но најдобар период за берба е кон крајот на зимата. Најмногу се користи како зачинска билка во кујната и може да се корист и свеж и сув.

    Otkup na kompiri

    Во нашата кујна просто е незамисливо да подгответе сарма, зелка или манџа, а да не се додаде ловоров лист. А многу домаќинки го додаваат и во супите. Ловорот го стимулира варењето, го подобрава апетитот, добар е за искашлување и има антиреуматско и антисептично делување.

    agrounik
    Ловоров лист како природен лек

    Како природен лек против реуматски болки се користи етерично масло од ловор кое можете да го ставите во обично масло. Две-три капки етерично масло од ловор ставете во пола литар топла вода и ова ќе биде одлично за инхалација. Против умор, за релаксација, доволно е да додадете неколку капки од ова масло во када.

    Поради неговото антисептично делување, ловор е одличен против потење на нозете. Потребно е само да сварете неколку листови ловор во вода со која покасно се мијат нозете. Ова можат да го користат и луѓе кои имаат проблеми со потењето на рацете. Во некои земји водата во која се имаат варено листовите на ловор или етерското масло од ова билка се користи за кожни болести па дури и како народен лек за псоријаза.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Етеричното масло од ловор се корист  во индустријата како додаток на детергентите, козметичките производи,. Производи за личната хигиена но и во средствата за после бричење. Поред тоа што има широка примена во индустријата, како народен лек и во кујната. Ловорот е одлично средство за одбрана од молците. Гранките со осушените листови на ловор слободно можете да ги држите помеѓу работите кои можат да бидат нападнати од молци.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img