Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваБјакја и официјално е најскапиот сладолед на светот! Еве зошто една порција чини...

    Бјакја и официјално е најскапиот сладолед на светот! Еве зошто една порција чини над 6.000 долари!

    petel baner

    Бјакја, на јапонски, „бела ноќ“ е најскапиот сладолед во светот. Доколку одлучите да се засладите со ова задоволство, за тоа задоволство ќе треба да платите вртоглави 6.000 долари! Сигурно се прашувате, што е толку посебно за овој сладолед?

    Сите сакаме сладолед, нели? Несомнено е омилен десерт во кој во лето уживаат луѓе од сите возрасти. Потребен е само еден сладок залак кој ги освежува сетилата за вкус. Од ванила до чоколадо, има различни вкусови, а секој има своја омилена комбинација. Сладоледите се генерално достапни, па за релативно малку пари можеме да уживаме во овој летен деликатес.

    Otkup na kompiri

    А сега замислете дека треба да платите дури 6.696 долари за порција сладолед! Повеќето луѓе ќе речат дека тоа е невозможно, но верувале или не, постои таков сладолед кој неодамна постави Гинисов рекорд. Сладоледот наречен „Бјакја“ е создаден од јапонскиот бренд „Cellato“ , а од неодамна ја носи титулата најскап сладолед во светот.

    Вака изгледа промотивното видео од ова скапо уживање:

    Според компанијата, сладоледот е направен од златни листови кои се јадат, бели тартуфи и сирења. Белиот тартуф што се користи во сладоледот се одгледува во Алба, Италија и чини речиси 14.505 долари. Други скапи состојки кои се користат за правење сладолед се сирењето Parmigiano Reggiano, како и саке талогот, кој е остаток од производството на саке, познатиот јапонски пијалок. Како што велат, еве зошто најскапиот сладолед чини неверојатни 6.696 долари.

    Идејата зад создавањето на овој сладолед е да се комбинираат јапонските и европските состојки за да се формира специфичен микс на вкусови. Cellato, компанијата што го создаде десертот, наведува дека силната арома на белиот тартуф ги исполнува устата и носот заедно со сложениот, овошен вкус на сирењето Parmigiano Reggiano.

    agrounik

    Претставник на компанијата му рекол на тимот на Гинис дека им биле потребни една и пол година за да го развијат сладоледот. По многу обиди и грешки, тие го добија идеалниот вкус што го замислуваа.

    „Да се ​​биде вклучен во Гинисовата книга на рекорди трудот вредеше“, велат од компанијата. Тие додадоа дека планираат да воведат и други производи кои содржат комбинации од најфините состојки како шампањ и кавијар.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога би имале многу пари, дали би си дозволиле порција од овој необичен сладолед?

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро забава, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img