Почна сезоната на млади компири, а овој рецепт дефинитивно ќе ве воодушеви вас, но и вашите најблиски.
Лесен рецепт за ароматични печени млади компири кои се одличен прилог со пилешко месо, бифтек или јунешко месо.
Потребни состојки:
- млад компир – количина по потреба
- морска сол – по вкус
- бибер – по вкус
- маслиново масло
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
- рузмарин
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Измијте ги компирите и исушете ги, а тавата обложете ја со хартија за печење.
Пресечете ги компирите на половина (ако се поситни) или на четвртини (ако се покрупни), ставете ги во тавата, посолете ги и зачинете со бибер.
Од гранчињата извадете ги игличките рузмарин, исечкајте ги ситно и ставете ги врз компирите.
Во посебна чинија измешајте сенф, мед и маслиново масло и со ваквата смеса прелијте ги компирите, а потоа сето тоа добро измешајте го (најдобро со раце за да се нанесе смесата рамномерно).
Ставете го компирот во рерна и печете околу 45 минути (зависи од јачината на рерната). По 25 минути, промешајте го малку компирот и вратете го во рерна.
Готовиот компир послужете го додека е топол како прилог.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK