домаАгро ВестиДоделени решенија за финансиска поддршка за набавка на трактори

Доделени решенија за финансиска поддршка за набавка на трактори

Prokredit baner

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги додели првите 64 решенија за одобрување финансиска поддршка за набавка на трактори од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој.

Решенијата беа доделени на земјоделци од Прилеп и околните прилепски села.

По приемот на решенијата земјоделците имаат рок до 10 дена да ги посетат просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и да потпишат договор по што би ја реализирале својата инвестиција.

Семенарна хоризонтален банер

-Поддршката која ќе ја добијат прилепските земјоделци преку програмата за рурален развој за набавка на нова механизација, односно набавка на нови трактори изнесува 47.5 милиони денари. Досега одобрени се вкупно 730 апликации по оваа мерка за што се одвоени 500 милиони денари.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Со ваквата поддршка директно помагаме во процесот на модернизација на земјоделската механизација, намалување на трошоците за обработка на површините а со тоа и зголемување на конкуретноста на македонските земјоделци, истакна директорот Бачовски.

Финансиската поддршка се доделува по принцип на кофинансирање на вкупните прифатливи трошоци во висина од 50 – 75 отсто.

Petel.mk

По добивање на решенијата и склучување договор со Агенцијата, корисниците на финансиската поддршка во рок не подолг од 120 дена треба да достават барање за исплата со пропратна документација по што Агенцијата по административна обработка на истите ќе ја кофинансира инвестицијата.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img