Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Friday, October 11, 2024

More
    домаАгро ЗабаваБилки со кои ќе ги избркате комарците

    Билки со кои ќе ги избркате комарците

    petel baner

    Комарците ги привлекуваат одредени мириси на човечката кожа, па поради тоа се здодевни во текот на летните денови.

    Постојат многу растенија чии силни мириси ефикасно ги одбиваат комарците и не се непријатни за нашиот нос.

    Со летните горештини доаѓаат и комарците, па сега е вистинско време да научите како да спречите непријатни каснувања.

    Otkup na kompiri

    Многу растенија кои ни се познати ефикасно ги одбиваат малите крвожедни предатори.

    Некои од нив се добро познати зачини и можете сами да ги засадите, па листовите малку да ги згмечите меѓу дланките и потоа да ги втриете на кожата.

    Други растенија, чии етерични масла ги одбиваат комарците, лесно можете да ги најдете во нашите маркети или во продавниците.

    Маточина

    Неговото латинско име Melissa officinali. Втријте го на вашата кожа и неговиот благ мирис на лимон ќе ги одврати комарците. Покрај тоа, маточината е позната како исклучително смирувачка антибактериска билка.

    Босилек

    Комарците не можат да го издржат мирисот на овој омилен зачин, а бројни студии покажуваат дека есенцијалните масла кои се наоѓаат во босилекот се токсични за ларвите на комарци.

    Лаванда

    Силната лаванда е позната како растение кое ефикасно ги одбива комарците, а со нив и молците и мувите.

    Со оглед на јачината и интензитетот на нејзиниот специфичен мирис, можете да се обидете да се ослободите од комарци со мешунките од лаванда што ќе ги закачите во куќата. Ако не се ослободите од нив на тој начин, тогаш сепак втријте ја на кожата.

    agrounik
    Жалфија и рузмарин

    Ако планирате дружење на отворено, можете да запалите мал оган во стара скара. Во него ставете малку жалфија или рузмарин.

    Мирисот кој подоцна ќе се прошири ќе биде пријатен за вашиот нос, но непријатен за комарци. Само внимавајте дека нема да бидат во ваша близина се додека околу вас има чад.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Цитронела

    Ова растение одамна е познато како едно од најефикасните во борбата против комарци. Етеричното масло од цитронела можете да го набавите во која било хербална аптека или продавница за органска храна.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img