Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

11.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Сок од вишни без варење

    Рецепт: Сок од вишни без варење

    petel baner

    Сокот од вишни може да биде одлично освежување за време на топлите летни денови.

    Овој рецепт за домашен сок од вишни е здрав и без конзерванси, лесно можете да го подготвите, а можете да го искористите и како додаток во нови коктели.

    Agrobot
    Потребни состојки:
    • 3 килограми вишни
    • 1,5 литри вода
    • 3 кесички лимонтос
    • шеќер (колку литри течност толку килограми шеќер)
    Начин на подготовка:

    Вишните убаво измијте ги ги во неколку води, потоа додадете го лимонтосот и водата. Добро изгмечете ги со раце и исчистете ги од семките.

    Оставете ги вишните така да отстојат 24 часа, па процедете го сокот. Ако немате цедалка, можете да користите и газа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Измерете ја количината на добиениот сок, па додадете ја истата количина шеќер. Со дрвена лажица измешајте го шеќерот додека целосно не се растопи во рок од 24 часа. Доколку е поголема количина, се меша неколку пати во текот на денот. Откако шеќерот ќе се растопи, префрлете ја течноста во стаклени шишиња.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img