Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

15.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЛубеница за разладување и хидратација во летните денови

    Лубеница за разладување и хидратација во летните денови

    petel baner

    Лубеница – содржи сè што ви е потребно за да ја победите летната жега. Нејзината црвена боја и освежителен вкус ја прават да биде симбол на летно овошје.

    Но, она што можеби не сте свесни е дека јадењето лубеница одлично дејствува на вашето здравје. Изобилува со нутритивни материи, содржи малку масти и го хидрира вашето тело.

    Витамин А
    Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговото антиоксидативно својство помага во намалување на слободните радикали во телото.

    Витамин Ц
    Сите знаеме дека е потребен за зајакнување на имунитетот, но витаминот Ц го забрзува зараснување на раните, го спречува оштетувањето на клетките, го подобрува здравјето на забите и на непцата.

    Витамин Б6
    Витаминот Б6 е потребен за синтеза на серотонинот и норепинефринот (норадреналинот), кои се заслужни за вашето добро расположение.

    Ликопен
    додека голем број луѓе мислат дека доматот е најдобар извор на ликопен, лубеницата го содржи во најголема концентрација, во однос на кое било овошје и зеленчук. Ликопенот го намалува ризикот од настанување на кардиоваскуларни заболувања и макуларна дегенерација.

    Agrobot

    Калиум
    Доколку не ги сакате бананите, калиум можете да побарате во лубеницата. Помага во закрепнување на мускулите, подобро функционирање на мозокот и ги враќа електролитите во рамнотежа. Исто така помага во намалувањето на нивото на крвниот притисок.

    Аминокиселини
    Лубеницата содржи аминокиселини, аргинин и цитрулин. Тие се потребни за одржување на здравјето и целокупниот кардиоваскуларен систем и ја подобруваат циркулацијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Вода
    Лубеницата ја сочинува 92% вода, што значи дека е одличен извор за хидратација и освежување во текот на жешките летни денови.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img