Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Sunday, September 24, 2023

More
    домаАгро ВестиИндекс на цени во македонското земјоделство

    Индекс на цени во македонското земјоделство

    Petel.mk

    Индексот на цени во земјоделството во јуни 2023 година кај инпутот е намален за 6.7 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 12.6 %.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цени во земјоделството во Македонија во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 6.7 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 12.6 %.

    Во јуни 2023 година, во споредба со јуни 2022 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 92.7. А индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 104.3.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во делот аутпут, во јуни 2023 година, во споредба со јуни 2022 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 110.9. А индексот на цените на добиточното производство изнесува 116.2.

    Податоците можете да ги разгледате во следните табели:

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img