домаАгро ВестиПочна кампањата „Здрав оброк за секое дете“

Почна кампањата „Здрав оброк за секое дете“

Prokredit baner

Започна кампањата „Здрав оброк за секое дете“ преку која секое запишано дете во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм македонско овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа.

Кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа, произведени во македонските овоштарници, се под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста.

Тигар лого гиф

Кампањата ќе трае до декември, а овошјето редовно, еднаш неделно, ќе се дистрибуира до сите градинки, за сите 38.000 деца.

Семенарна хоризонтален банер

-Низ сите градинки во државава веќе пристигнуваат првите пратки со домашно македонско овошје. За секое дете, по еден килограм. Кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа, произведени во нашите овоштарници. Под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе го контролираат квалитетот и безбедноста. Се до декември, редовно, еднаш неделно, ќе се дистрибуираат до сите градинки, за сите 38.000 деца. Поделивме 150 килограми кајсии за 150 деца колку што згрижува клонот „Панорама“ на градинката „Кочо Рацин“ во Скопје. Секое дете доби по еден килограм. Нека им се наздравје.“, рече министерот Николовски.

Petel.mk
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Со кампањата „Здрав оброк за секое дете“, се придонесува децата да се хранат здраво, да стекнуваат навики и да растат здраво. Истовремено се помага на земјоделците со откупот на домашното производство.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img