Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Sunday, May 5, 2024

More
    домаАгро советиНега на боровинки во август: корнете го плевелот и внимавајте на прихраната

    Нега на боровинки во август: корнете го плевелот и внимавајте на прихраната

    petel baner

    Не треба да се дозволи плевелот да преовладува во плантажите со боровинки бидејќи тој го исцрпува растението и го забавуваат неговиот раст и развој. Во овој период, исто така, потребно е да се надополни со ѓубрива со повеќе фосфор.

    Боровинката е меѓу растенијата кои најслабо ја трпат конкуренцијата за достапни хранливи материи од земјата. Ако околу стеблата расте многу плевел, тој ќе го спречи растот и развојот на растението, како и редовното плодоносење.

    Од насадите треба да се отстрани искорнатиот плевел. Околу грмушките од боровинки треба да се стави пилевина (не премногу ситна) за да се забави растот на плевелот.

    Редовно наводнувајте ги растенијата

    Иако има доволно влага во почвата, во случај температурите да надминат 35 степени, боровинките мора да се наводнуваат. Особено на повисоките места каде што испарувањето на влагата од почвата е побрзо во споредба со пониските предели. Тоа треба да се прави во раните утрински часови бидејќи земјата е постудена, додека навечер е потопло поради интензивното загревање.

    Agrobot

    Наводнување во вечерните часови се препорачува ако водата стоела во цистерните и ако е доволно загреана. Во системот може да се внесат ѓубрива растворливи во вода со повеќе фосфор, бор и цинк, а истовремено може да се врши и фолијарно хранење, исто така со ѓубрива со повеќе фосфор, бидејќи во овој период се создаваат залихи од овие минерали за пролет, кои се важни за редовни и високи приноси.

    Повеќе калиум од септември

    Доволни се три до четири третмани со овие ѓубрива во текот на август, а во септември исхраната треба да се зголеми со повеќе калиум, кој ќе биде достапен и на пролет следната година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Од август не е пожелно претераното користење на азот, затоа не треба да се фрлаат ѓубрива со повеќе азот околу грмушките бидејќи постои опасност гранките да не созреат доволно до зима.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img