Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Monday, May 6, 2024

More
    домаАгро ВестиРастителното млеко не може да му парира на кравјото - еве зошто

    Растителното млеко не може да му парира на кравјото – еве зошто

    petel baner

    Веќе е докажано дека растителното млеко има недоволно количество на четири клучни минерали: фосфор, магнезиум, цинк и селен. Што друго откриле истражувачите?

    Интересно истражување ни доаѓа од Универзитетот во Минесота. Д-р Абигејл Џонсон од Универзитетот во Минесота и нејзините колеги ги анализирале нутритивните вредности на 237 заменски млечни производи направени од бадеми, овес, ориз и соја присутни на американскиот пазар. 

    Повеќето од достапните млека од растително потекло имаат помали количини на протеини од кравјото млеко. На речиси една третина им недостасува калциум и витамин Д во споредба со кравјото млеко.

    Растително против кравјо млеко

    Веќе е докажано дека млекото од растително потекло има недоволно количество на четири клучни минерали: фосфор, магнезиум, цинк и селен.
    Истражувачите, исто така, ја споредиле содржината на протеини, калциум и витамин Д. Само 19 отсто од млекото од растително потекло одговара или го надминува кравјото млеко кога станува збор за содржината на протеини. Тоа е важно за растот на мускулите, енергијата и варењето.

    Растителното млеко во просек имало само два грама протеини на 240 милилитри, со многу варијации помеѓу производите. Додека пак кравјото млеко имало осум грама во исто количество, без разлика дали е обезмастено, полуобезмастено или полномасно.

    „ Производите од растително потекло кои одговараат или ја надминуваат содржината на протеини во кравјото млеко обично се базирани на соја “. 

    Исто така, утврдено е дека 76 отсто од производите на база на овес, 69 отсто од производите на база на соја и 66 отсто од алтернативите на база на бадем се збогатени со калциум и витамин Д. Останува прашањето колку додаден Ca и витамин Д на овој начин се погодни за човечка исхрана и каков е нивниот реален ефект врз имунолошкиот систем и здравјето на луѓето. 

    Agrobot

    „Важно е да се знае дека замената на кравјото млеко за растително не може да биде замена еден на еден, иако може да се користи на тој начин“. Повеќето луѓе добиваат многу протеини од други извори, како што се месото, гравот и мешунките.

    Нема алтернатива

    Конечно, може да се заклучи дека сè уште нема конкретни податоци за важноста и ефективноста на млечните производи од растително потекло во исхраната. Особено оние во кои дополнително се вбризгуваат разни адитиви, кои ни природно не се вклучени во нив. Така што сè уште нема алтернатива за кравјото млеко и не треба многу труд за да се направи. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Истражувањето беше претставено на Nutrition 2023, годишниот состанок на Американското здружение за исхрана во Бостон, Масачусетс.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img