домаАгро ВестиЌе се зголеми цената на домашното сирење

Ќе се зголеми цената на домашното сирење

halk bank baner horizontalen ovcar

Домашното сирење во моментот се продава по цена од 500 денари за килограм. А со најавеното зголемување се очекува максималната цена да достигне и до 700 денари за килограм.

Сточарите кои произведуваат домашно сирење без додатоци во своите млекарници на бачилата најавуваат дека цената ќе ја зголемат за околу 30 прoценти.

Група сточари од Брегалничкиот регион велат дека корекцијата на цената во нагорна линија ќе ја направат деновиве или до 1 септември.

Семенарна хоризонтален банер

Домашното сирење во моментот го продаваат по цена од 500 денари за килограм. А со најавеното зголемување се очекува максималната цена да достигне и до 700 денари за килограм.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Причините за најавеното зголемување е што немаат работници. Потоа климатските промени, а сирењето, како што наведуваат за МИА, го прават сто проценти природно без додатоци.

Pneumatik baner

Токмку од овие причини не е исплатливо да се произведува сирење и млечни производи во домашни услови. А резултатите што ги гледаме на терен се: младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството. Затоа се продаваат цели стади на овци, велат овие сточари од Брегалничкиот регион.

Посочуваат дека пред пет години во Малешевијата, најголемиот сточарски регион во источна Македонија, биле евидентирани 16 000 овци. Сега нивниот број е речиси преполовен или, според нив, изнесува над 8000 овци.

petel baner

Тие упатија и апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се коригира рокот за чување на пријавените овци, од 1 декември на 1 октомври. 

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img