Боранија – спаѓа во групата на мешункасти зеленчуци. Потекнува од Мексико, а во Европа е донесена во 16 век и за исхрана се препорачува поради своите
биолошки и лековити состојки.
Денес боранијата се користи за исхрана скоро во сите земји во светот.
Боранијата е едногодишно растение, има добро развиен вртенаст корен, стеблото и е зелесто и различно разгрането. Плодот е мешунка со различен облик и големина или овална, плосната, прави и повиени, а по боја ги има повеќе сорти и тоа зелени, жолти и шарени.
Во нашите климатски услови боранијата најдобро успева како рана пролетна култура, кога има поволни услови за одгледување. А се одгледува и под пластеници за порано и побрзо производство.
Може да се одгледува и во планински региони над 700 метри надморска височина или како есенска односно втора култура во ниските места. Таа е топлољубива култура не поднесува ниски температури, така што страда и од најслаба слана.
Боранија се сее на длабочина од 3-6 см а во зависност од големината на семето и
густината на сеење за еден декар потребно е 8-15 кг семе.
За есенска и употреба како и за конзервирање се одгледуват покасни сорти, обично како втора култура после спанаќ, ротквици, ран компир, салата и други окопни култури. Но сеењето боранија треба да биде најдоцна до крајот на јули. И во овој период има одлични услови за одгледување на боранијата. Таа добро се оплодува и дава многу квалитетни мешунки и приносот е поголем.
Приносите од ниските сорти варираат од 800-1400кг/еден декар, а кај високите од
1500- 2000кг/еден декар.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK