Во традиционалната медицина чај од копар се препорачува како природен лек против надуеност и проблеми со варењето.
Овој чај се подготвува така што ќе измешате 20гр. листови од копар, ким и анасон. Земете лажица од оваа содржина и прелијте ја со 200мл врела вода. Веднаш поклопете го садот и оставете 30 минути на шпорет, но не смее да врие. Потоа процедете го чајот и пијте го после јадење.
За отстранување на гасови и непријатен здив се препорачува етерично масло од копар. За да го постигнете посакуваниот ефект ставете 10 капки масло на коцка шеќер и изедете, а потоа испијте чаша вода. Против лош здив можете да жвакате свеж копар.
Како лек против икавица се препорачува 2 лажици ситно исецкан копар да се прелие со 250 мл врела вода. Оставете поклопено 3-4 минути и потоа процедете и пијте го чајот незасладен кога и да се појави проблем.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK