Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

15.8 C
Skopje
Thursday, May 2, 2024

More
    домаАгро ВестиМеѓународни саеми  „Органска Трпеза“ и „АгроМак“ во Куманово

    Меѓународни саеми  „Органска Трпеза“ и „АгроМак“ во Куманово

    petel baner

    Денеска во Спортско рекреативниот комплекс во Куманово ќе бидат отворени шестиот меѓународен саем на органски и традиционални производи  „Органска Трпеза“ и вториот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „АгроМак“.

    На саемот активно учество ќе земат околу 10.000 луѓе од кои 250 до 300 излагачи од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Република Српска, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.

    Саемите имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти и тоа изложбен дел. На него преку свои штандови учество ќе земат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалоци и земјоделски производи. Потоа трговци со амбалажа, алати, опрема, машини и механизација. Како и производители и трговци на семе и саден материјал, хортикултура и инпути во земјоделско производство.

    Од Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ и Комората на Органски Производители – КОП од Куманово, кои се поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Македонија и Општина Куманово. За организацијата на саемите, најавија дека вториот е промотивен дел за претставување на општини, стопански комори, кластери, асоцијации, федерации, задруги, здруженија, владини и невладини организации и агенции. Но и Здруженијата на заедниците на националностите во Македонија. И здруженијата и организациите кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот ќе приредат традиционални трпези на кои ќе презентираат традиционална храна, фолклор и култура.

    На традиционалните трпези ќе презентираат традиционална храна, фолклор и
    култура.

    Трета компонента е едукација, четвртата средби и презентации на компании. Додека петата компонента е ревијална изложба на украсни, пердувести животни и домашни

    миленици.

    За време на саемот предвиден е и стручен натпревар на ученици од средни земјоделски училишта од државава, како и од Србија и Црна Гора.

    Саемот ќе биде збогатен и со културно-уметничка, сценска програма, музички

    сегменти и ревија и уметничко-детско катче за најмалите посетители, а ќе се

    организираат и кулинарски настани.

    Agrobot

    Во склоп на саемите „Органска Трпеза“ и „АгроМак“, оваа година ќе се

    организираат и манифестациите „Денови на Традицијата“, „Кумановска Празијада“ и

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Суџуклијада“.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img