домаАгро ВестиПијанечки денови на сливата во Делчево

Пијанечки денови на сливата во Делчево

Prokredit baner

По пауза од 4 години во Делчево се враќаат ,,Пијанечки денови на сливата”, манифестација со која се слави пијанечкиот бренд-сливата како најзастапена овишна култура во регионот Пијанец.

Настанот кој ќе се одржи денес со почеток од 12 часот ќе биде збогатен со повеќе содржини и богата културно-уметничка програма. 

-Главна цел на манифестацијата која ќе се одржи на летната сцена е да се прикаже подготовката на сите традиционални производи од слива карактеристични за овој крај. Во рамки на настанот предвидено е печење на сливова ракија. А ќе се подготвува мармалад и слатко од сливи кои ќе можат да се дегустираат. На штандовите ќе бидат изложени традиционалните производи подготвени по старинските рецепти. Но и модерните рецепти кои ќе можат да се купат, информираа од Општина Делчево.  

Тигар лого гиф
Семенарна хоризонтален банер

За „Највеселата ракија” предвидени се две награди, првата во износ од 8 илајди денари, а втората 6 илјади.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

-За највкусниот мармалад или слатко ќе бидат доделени 3 илјади денари. Исто така, посебна награда во износ од 3 илјади денари, ќе се додели за најдобро украсен штанд, додадоа од Општина Делчево.

Petel.mk

Организатори на манифестацијата се Општина Делчево и НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ Делчево со финансиската поддршка е од Министерството за култура. 

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img