Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиСет барања од Стопанската комора за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

    Сет барања од Стопанската комора за дополнителна поддршка на домашниот агросектор

    petel baner

    Според Стопанската комора, Владата треба да ги послуша потребите на науката и комората, да обезбеди средства, да се вложи во науката, технологија, иновации, да се зајакне административниот капацитет…

    Стопанската комора бара се искористи сегашниот период, да се преструктурира земјоделско прехранбениот сектор, да се искористат фондовите, да се вложи во науката, технологија, иновации, да се зајакне административниот капацитет, Владата да ги послуша потребите на науката и комората, да обезбеди средства, кажаа на прес-конференција во Стопанската комора посветена на „Земјоделско-прехранбениот сектор и ЕУ интегративните процеси“.

    Сетот барања комората ги темели по консултациите направени со компаниите, стручната јавност, и од искуствата на земјите кои последни се вклучија во ЕУ.

    Otkup na kompiri

    Барањата ќе им помогнат на домашните компании полесно да ги совладаат предизвиците со кои се соочува секторот, намалување на ефектите од климатските промени, на увозот, изедначување на условите на домашните со европските компании, усогласување на правилници, закони, царинските давачки, особено за суровините.

    Државата треба да посвети внимание и да ги стимулира младите од руралните средини да останат во секторот, со соодветни животни, инфраструктурни услови како во урбаните средини, кредити за семејни фарми.

    Јадранка Аризанковска од Стопанската комора рече дека е клучно учеството на комората за кластерот пет со неколку поглавја кои се поврзани со земјоделско-прехранбениот сектор.

    Во рамките на овој кластер, скринингот за поглавјата, 11, 12, 13, 22 и 33 е завршен, Владата очекува да добие комплетен извештај и што треба дополнително да се заврши. Според Аризанковска, поглавјето 11 земјоделство и рурален развој државата треба целосно да се усогласи со правилата, со заедничката земјоделска политика на ЕУ. Правилата важат за сите земји, креирани се од Европската комора.

    За поглавјето 12 кое се однесува на безбедност на храна ветеринарни и фитосанитарни политики, унифицирано е и важи за сите земји членки. Тука правилата се ригорозни бидејќи ЕУ го применува слоганот „Од нива до виљушка“.

    Следното поглавје се однесува на рибарство и за државата нема значење, 22 пак се однесува за регионална политика, координација и внимание ќе се посвети на искористување на ИПА фондови кои веќе се достапни, правилен Рамномерен развој еднакви можности за сите во искористување на ИПА средствата, грижата ќе биде посветена на јакнење на административните капацитети за искористување на фондовите. Поглавјето 33 е за финансиски буџетски одредби генерално за државата голем дел од обврските се однесуваат на агросекторот.

    Васко Ристовски, задолжен за овој сектор од стопанската комора вели дека скринингот почнал лани и ќе заврши во ноември. Тој во објаснувањето се осврна на применливоста на заедничката политика, примената и импликациите кои ќе ги има врз домашните компании.

    Ова поглавје покрива најголем дел од обврзувачки правила вели Ристовски, дел се применливи, нивната правилна примена, контрола од ефикасна администрација има суштинско значење за заедничката земјоделска политика. Потребни се системи, платежна агенција за административни контролни системи и капацитети за спроведување на мерки за рурален развој.

    agrounik

    Во делот на производи од животинско потекло, важно е усогласување на законодавството со ЕУ, исполнување стандарди, интеграции на АХВ, усогласување на ветеринарни сертификати што е завршено е.

    – Во овој дел потребно е да се тргне забраната за движење поради болести кај месната индустрија, што требаше да се направи пред многу години. Што е бариера за прехранбената индустрија, поголеми средстава за национални референтни лаборатории, донации и средства за опрема, обука на кадар, за да не користат како сега лаборатории во Европа и земји од соседството, кажа Ристовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Комората бара да се искористат сите начини, да се обезбедат средства за зголемување на конкурентноста на агросекторот во државата.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img