домаАгро советиПченка со пократки стебленца поотпорна на климатските промени?

Пченка со пократки стебленца поотпорна на климатските промени?

Pneumatik baner

Пченка со кратко стебло претставува иновација за целата индустрија и има потенцијал суштински да го промени одгледувањето на оваа житарка. Тоа, исто така, го доведува во прашање тврдењето дека поголемите растенија се подобри.

За да се обезбеди сигурна жетва, групацијата Баер и американската земјоделска компанија Pairwise одгледуваат генетски модифицирани сорти со кратки стебла. 

Семенарна хоризонтален банер

Пониско стебло – помала штета

Целта е да им се даде предност на сортите во справувањето со климатските промени и да се намалат штетите кои настануваат. Генетски модифицираната пченка се одгледува со помош на генетската техника CRISPR. Стеблата се пониски од 30 до 40 см од конвенционалните. Ова е предност, бидејќи се намалува кршењето на стеблото кај колената.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Предноста се рефлектира и во поцврсти корени, подобра отпорност на бури, помали штети и загуба на принос, а со тоа и повисоки приходи.

Тигар лого гиф

Можни промени во која било точка од геномот

Пченката со кратко стебло претставува иновација за целата индустрија и има потенцијал суштински да го промени одгледувањето на оваа житарка. Тоа, исто така, го доведува во прашање тврдењето дека поголемите растенија се подобри.

Се предвидува дека може да се посее на 90 милиони хектари. За таа цел, Pairwise разви свои алатки за уредување на гени базирани на CRISPR, кои овозможуваат да се направат конкретни промени во која било точка од геномот.

petel baner

Во соработката помеѓу Bayer и Pairwise, фокусот не беше само на пченката, туку и на сојата, пченицата, памукот и канолата. Целта беше да се произведе повеќе на иста површина со помалку ресурси. Соработката донесе 27 нови растителни карактеристики кои беа вклучени во експерименталните програми. Ова вклучува генетски инженерски фенотипови на пченка со 20 проценти повеќе редови на јадрото и ветува значително повисоки приноси по хектар.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img