Во Скопје на 7 октомври ќе се одржи вториот Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“, се очекува да учествуваат околу 400 мали производители од земјава со над 2000 производи.
Саемот ќе понуди магија од вкусови, многу забава, но и едукативни реаботилници, посебно за најмладите.
Посетителите ќе имаат можност да дегустираат храна која ќе се приготвува во тој момент од Алијансата на готвачи на Слоу фуд Македонија, а суровините ќе бидат исклучиво домашни.
Манифестацијата ќе ја посетат министри од регионот, а ќе дојде и германскиот министер за земјоделство.
„Вкуси ја традицијата“ догодина ќе биде еден од најголемите регионални саеми на мали производители на храна и пијалаци.
Василка Стефановска од Слоу фуд најави дека саемот годинава ќе се одржува на поголем простор, со повеќе активности.
-Новина ќе биде присуството на Алијансата на готвачи чии членови во живо ќе готват, а посетителите ќе може да дегистираат. Суровините ќе бидат земени од малите локални производители. Ги поканувам сите родители да ги довдат своите деца, но и семејно да присуствуваат на настанот зашто ќе има и едукативно катче со можност за реализирање три до четири работилници – месење тесто, едукација на вкусови,… Прозводителите што ќе настапат на Саемот се вистински репрезенти на државата и револуционери на здравата храна, нагласи Стефановска.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK