домаАгро ВестиЛозарите бараат повеќе пари од Владата

Лозарите бараат повеќе пари од Владата

Prokredit baner

Во името на лозарите, Сојузот на здруженија на лозари достави неколку барања до Владата и Министерството за земјоделство, информираше Јован Златевски, претседател на Сојузот, по состанокот во Неготино.

-Помошта за лозарите оваа година што ја предвиди Владата, поради лошите временски услови, од 12 илајди  денари по хектар, да се зголеми на 20 илјади денари. Оваа помош да важи само за лозјата посадени во 2021 година и претходно, а не и за тие што се подигнати минатата и годинава, рече Златевски.

Меѓу барањата е и тоа, Владата да даде помош од по три денари по килограм за грозје предадено во македонски преработувачки капацитети и во странство. Како и да се изнајде стратешки инвеститор за винарската визба „Повардарие”, за таа повторно да откупува грозје следната година, како порано.

Petel.mk
Семенарна хоризонтален банер

Се бараат и бесплатни стручни советувања, да им се помогне на винарите да набават опрема и да извезуваат флаширано. А не наливно вино и да го плаќаат грозјето поскапо на лозарите, или, најмалку 25 отсто, повеќе од производствената цена.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img