домаАгро советиСовети како да ги чувате сарделите во зима

Совети како да ги чувате сарделите во зима

Prokredit baner

Сарделите како повеќегодишни растенија, може да презимуваат и повторно да процветаат на пролет со своите прекрасни цветови, но само ако во текот на зимата се внесат внатре.

Пред да ги внесете сарделите, ослободете ги од сувите, но и здравите цветови, како и од сувите лисја за да не ја одземат енергијата на растението.

За да успеете да ги зачувате овие цвеќиња, неопходно е да им се обезбедат соодветни услови. Ставете ги во просторија каде што температурата е помеѓу 5 и 12 Целзиусови степени и има природна светлина.

Семенарна хоризонтален банер

Во текот на зимата тие се во период на мирување. А ако ги ставите во топла и темна просторија, ќе се појават тенки и бледи ластари. Иако ластарите се млади гранки, тие не се добар знак, напротив, го исцрпуваат растението, па напролет ќе биде слабо и многу тешко ќе закрепне.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Колку се наводнуваат?

За време на „зимскиот сон“ на сарделите не им треба многу вода – треба да се полеваат повремено. Доволно е еднаш на секои две недели или дури и еднаш месечно. Што се однесува до ѓубрењето, нема потреба од такво нешто дури до март, бидејќи растението е во фаза на мирување и одмор.

Тигар лого гиф
Што треба да се направи кога ќе дојде пролетта?

Кога ќе дојде пролетта, тие треба да се закројат, со скратување на врвовите и наводнување на растението. Не ставајте ги веднаш на директна сончева светлина. Дајте им неколку дена за постепено да се прилагодат на новите услови.

По три недели потребно е да ги пресадите, редовно да ги полевате и по потреба да ги нахраните со соодветни ѓубрива кои можете и сами да ги направите.

Petel.mk

Ѓубривото може да се направи и од природни, еколошки состојки кои не ја загадуваат природната средина,. А ќе му помогнат на растението да расте побрзо. Секако, можете и да си купите готово ѓубриво.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img