Денеска во Скопје ќе се одржи прва министерска конференција за шумарство „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“.
Домаќин на министерската конференција за обновување на шумите е министерот Љупчо Николовски, а учество ќе земат Владимир Јоковиќ вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора. Анила Денај, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија. Фатон Пеци, министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово и Мирослав Маринов заменик министер за земјоделство и храна на Бугарија.
Во рамки на министерската конференција министрите ќе одржат министерска тркалезна маса каде ќе разговараат за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK