Дренки – синоним за здравје, содржат бројни витамини и минерали корисни за целиот организам.
Дренки се плодови кои растат на дрвото дрен кое е листопадно дрво и воглавно самоникливо. Покрај сок, од дренките може да се прават и џемови, а во некои краеви и ракија и ликер.
Редовното користење на сок од дренки ја подобрува работата на црниот дроб и на бубрезите, органи преку кои се преработуваат токсините. На тој начин се олеснува исфрлањето на отровите од телото и освежување на сите системи.
Дренките имаат повеќе витамин Ц од портокалите. Овој витамин е познат антиоксиданс и му помага на организмот во борбата против слободните радикали. Освен тоа, содржат цинк, калиум, магнезиум, железо…
Несомнено е дека овие плодови или сокот од нив, можат да го окрепат телото од глава до петици, да му дадат енергија и сила да се бори со вирусите и инфекциите.
Рецепт за сок од дренки:
1 кг. дренки
2 л. вода
1 кг. шеќер
Измијте ги дренките убаво и ставете ги да се варат, додека не омекнат (околу 20 минути). Потоа извадете ги од водата и испасирајте ги, испасираните дренки ставете ги во газа и процедете убаво. Добиената течност измешајте ја со водата во која се вареа дренките, додадете го шеќерот и 1 лимонтос и варете уште 20-тина минути. Добиенот сок се собира веднаш во топли шишиња.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK