Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеОвие есенски плодови се чувари на здравјето

    Овие есенски плодови се чувари на здравјето

    petel baner

    Ако сакате да ја искористите есента на најдобар начин, мора да знаете кои плодови треба да ги консумирате од самиот почеток на ова годишно време.

    Есенските плодови претставуваат богата ризница на витамини и антиоксиданси кои му се потребни на организмот, еве кои од нив треба да ги внесете во својата исхрана:

    1. Јаболко

    Иако се достапни во текот на целата година, есента е сезоната на јаболка и единствен период кога може да ги консумирате свежо набрани. Во есен, нивниот вкус се разликува од вкусот кој го имаат во другиот дел од годината.

    Otkup na kompiri

    Нашите родители и лекарите биле во право кога ни велеле да јадеме јаболка. Ова овошје содржи многу антиоксиданси кои го намалуваат ризикот од развој на разни болести. Исхраната богата со антиоксиданси е наш сојузник против стареењето.

    Јаболката содржат високи количества витамин Ц кој му помага на имунолошкиот систем во борбата против надворешните фактори. Пектинот, кој го има во сите есенски плодови со кора која се јаде, се бори против бактериите во цревата и го намалува холестеролот. Затоа, јаболкото не треба да се лупи, туку лушпата треба да се консумира како приоритет – најголем дел од хранливите состојки и витамини се наоѓаат токму во лушпата.

    2. Прокељ

    Иако потекнува од Белгија, прокељот може да се најде во која било земја, вклучувајќи ја и Романија, но есента е совршен период за негово консумирање.

    Богат со влакна, витамините Ц, K и фолна киселина, прокељот го потпомага варењето, го регулира нивото на шеќер во крвта, ја олеснува асимилацијата на калциумот во коските и коагулацијата на крвта

    Прокељот може да биде вистинско задоволство и важен извор на хранливи состојки ако правилно се подготвува. Еве неколку идеи: исечете го на пола, прелијте со малку маслиново масло, зачинете со сол и бибер и испечете во рерна. Вистинско вкусно задоволство.

    3. Карфиол

    Карфиолот е сојузник на жените. Тој е непогрешлива алтернатива за сите кои држат диета и сакаат да го заменат брашното, а со самото тоа и тестото, со нешто друго: на пример, пица од карфиол.

    Неговата популарност се должи на фактот што содржи многу малку јаглехидрати и е еден од најдобрите извори на витамините Ц и К. Исто така, фолната киселина која ја содржи е корисна за секоја жена која планира да раѓа, бидејќи спречува развој на патологија на нервниот систем на фетусот

    Покрај класичните начини за подготовка на карфиол, сецкањето или печењето во рерна, може да се одлучите за разни крем супи или како замена за тесто.

    4. Круша

    Крушата е кралица на сезоната. Нејзиниот мирис е уникатен, а аромата неспоредлива. Крушата е многу здраво овошје, хидратантна и хранлива. Содржи многу витамини и хранливи состојки, лесно се јаде и не прави притисок на забите и на дигестивниот систем.

    Крушите содржат јаглехидрати и пектин, кој е детоксикатор, го регулира гастроинтестиналниот тракт и нуди вистинска помош на вашиот имунолошки систем. Исто така, крушите му помагаат на телото да го задржува калциумот

    Уживајте во свежи круши или во колачи со тврдо тесто, подготвени во рерна, во сирупи или во компот.

    5. Грозје

    Грозје – задоволство од сезоната, причината зошто толку ја сакаме есента. По правило, се консумира свежо, неговите арома и мирис се извонредни. Исто така, грозјето може да се јаде и во форма на каша

    Постојат повеќе од 60 видови грозје, кои се богати со антиоксиданси и хранливи состојки, кои помагаат во намалување на воспаленија, го штитат срцето, го подобруваат видот, зглобовите и мозочните функции..

    6. Цвекло

    Цвеклото е одлично во свежо цедени сокови, ориз и тестенини, супи или салати, тоа е најзастапено во есен. Иако во продавниците се наоѓа прилично често, ги има само есенските сорти на цвекло, а некои помалку познати за нас се: виолетово, златно, бело, па дури и разнобојно.

    Цвеклото е богат извор на нитрати, кои спречуваат појава на деменција и го зголемуваат дотокот на крв во мозокот. Оваа убавина со боја на крв изобилува со антиоксиданси, фолна киселина, калиум и манган кои помагаат во апсорпцијата на калциум во коските и во коагулација на крвта.

    7. Тиква и тиквичка

    Тиквите и тиквичките се синоним за есен. Заедно со грозјето, тиквата е ѕвезда на сезоната.

    Дали знаете дека една шолја тиква исечена на коцки содржи речиси двојно повеќе од препорачаната дневна количина на витамин А? Консумирањето на овие зеленчуци носи големи придобивки, од подобрување на крвниот притисок, до придобивки за простатата. Тиквата содржи бета-каротен, кој исто така се наоѓа во морковите и се бори против слободните радикали.

    Постојат многу начини за консумирање тиква: прелиена со маслиново масло, испечена во рерна и послужена со мед, во пити, леб, рижото или како пире. Не треба да се занемарат ни семките од тиква кои содржат голема количина хранливи влакна.

    8. Печурки

    Печурките ги има во текот на целата година, но нивна сезона е есента кога љубителите на печурки уживаат во вргањ и меденки. Голем плус за печурките е што тие практично немаат маснотии. Тие се прекрасна алтернатива за месото и веќе се дел од многу диети. Сиромашни се со натриум, не предизвикуваат покачување на холестеролот, содржат малку калории и се многу богати со витамин Б

    Вака ги подготвуваат поголем дел од љубителите на печурки и готвачите: на скара, во рерна, во тава со лук и качамак или во разни чорби и варива.

    9. Дуњи

    Дуњи: мирисливи и ароматични, предизвик и за деца и за возрасни кога се јадат свежи. Нашите баби и дедовци секогаш се натпреваруваат во подготовката на најдоброто слатко од дуња со ореви, додека други експериментираат со овие плодови во компот, колачи и салати

    Дуњата содржи малку масти и малку натриум. Ова овошје е одличен извор на витамин Ц и би требало да се најде во сечија кошница со овошје

    10. Ореви

    Оревите се вистинско задоволство, како за брзо послужување, така и за колачи. Дали знаете дека оревите се всушност семето на оревот? Поради тврдата лушпа, може да се чуваат со месеци, па дури и со години. Оревите се особено познати како полнило за штрудли или како здрава ужина на работа.

    agrounik

    Оревите го подобруваат метаболизмот и го намалуваат нивото на холестерол во организмот. Кога се консумираат во соодветни количини, оревите придонесуваат за намалување на телесната тежина.

    Оревите имаат антивоспалителни својства, помагаат во подобрување на интелектуалните функции (тие се симбол за интелигенција). Ја подобруваат плодноста кај мажите и го подобруваат здравјето на коските. Високата содржина на витамин Б е особено корисна за трудници за нормален развој на плодот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оревот има крцкава текстура и пријатен вкус, заради што може да се вклучат во скоро секој рецепт: колачи, бисквити, житарици, енергетска каша, леб, салати, путер и многу други.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img