Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

8.8 C
Skopje
Sunday, May 12, 2024

More
    домаАгро ВестиРазвиените земји ветија 9,3 милијарди долари за помош во борбата против климатските...

    Развиените земји ветија 9,3 милијарди долари за помош во борбата против климатските промени

    petel baner

    Развиените земји на конференцијата одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени.

    Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, кој финансира помош за земјите во развој.

    Тоа е најголемиот таков фонд кој има за цел да обезбеди пари за да им помогне на посиромашните земји да ги намалат емисиите на гас. Потоа, да се справат со ефектите од климатските промени и да ја поттикнат нивната транзиција кон чиста енергија, пренесува АП.

    Парите, кои беа ветени во Бон, ќе бидат искористени за финансирање проекти меѓу 2024 и 2027 година. Само германската влада вети дека ќе одвои две милијарди долари.

    Но, од друга страна, невладините наведуваат дека средствата се недоволни за борба против климатските промени.

    – Зелениот климатски фонд, замислен како спас за климатските акции во земјите во развој, е попречен од рамнодушноста на богатите земји. Ова го изјави Харџит Синг од Меѓународната мрежа за климатски акции.

    Тој додаде дека молкот на Соединетите Американски Држави е неоправдан.

    Лиен Шалатек од Фондацијата Хајнрих Бел во Вашингтон изјави дека развиените земји сè уште не го прават она што треба за да им помогнат на земјите во развој и на погодените заедници кога станува збор за итна климатска акција.

    Agrobot

    Прашањето за финансиската поддршка за сиромашните земји ќе биде една од главните теми на претстојната конференција. Таа започнува во Дубаи на крајот на ноември.

    Претседателот на COP28, Султан ал-Џабер, изјави за АП дека сегашното ниво на помош не е соодветно за да се одговори на предизвикот со кој се соочува светот.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – Мораме да направиме повеќе за да им помогнеме на најранливите. Тие се негативно погодени од ескалацијата на климатските промени – рече Ел Џабер.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img