Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Friday, March 1, 2024

More
    домаситеПриродни пробиотици за добро варење и подобар имунитет

    Природни пробиотици за добро варење и подобар имунитет

    Agrobot

    Пробиотици – покрај подобрата дигестивна функција и основа за силен имунитет, можат да ни помогнат и да го намалиме нивото на холестерол. Да се заштитиме од алергии како и да спречиме малигни заболувања и други болести.

    Сите пробиотици се форма на добри бактерии кои се наоѓаат во цревата со важни улоги во нашето тело, од апсорпција на хранливи материи до јачина и стабилност на имунитетот.

    Не само што пробиотиците се неопходни за варење, туку има и бројни други здравствени придобивки од консумирањето храна богата со пробиотици.

    Еве кои намирници се најсилните природни пробиотици:

    Кефир

    Овој ферментиран млечен производ е уникатна комбинација од млеко и ферментирани зрна кефир. Се консумира повеќе од 3000 години, потекнува од Русија и Турција и значи „да се чувствуваш добро“. Има малку кисел вкус и содржи од 10 до 34 видови на пробиотици.

    Слично е на јогуртот, но бидејќи се ферментира со квасец и со повеќе бактерии, финалниот производ содржи повеќе пробиотици и помалку лактоза. Ова го прави соодветен избор за многумина кои се нетолерантни на лактоза.

    Кисела зелка

    Киселата зелка е  богата со органски киселини кои влијаат на размножувањето на добрите бактерии. Има висока содржина на витамин Ц и дигестивни ензими. Исто така е добар извор на природни бактерии на млечна киселина, како што е лактобацилот.

    Комбуха

    Комбухата е необична, лигава, мрежеста печурка создадена од симбиотска колонија на бактерии и квасец. Познат е повеќе од 2000 години, со потекло од Јапонија. Постојат многу докажани тврдења за квалитетот на комбухата, но нејзините примарни здравствени придобивки се за варење, зголемена енергија и детоксикација на црниот дроб.

    Јогурт

    Веројатно најпопуларната пробиотска храна е култивираниот пробиотски јогурт направен од кравјо, козјо или овчо млеко. Заедно со кефирот, се рангира на самиот врв на пробиотската храна доколку потекнува од органски одгледани животни и не е пастеризирана. Експертите за исхрана препорачуваат јогурт направен од козјо или овчо млеко.

    petel baner
    Младо сирење

    Козјото, овчото и меките кравји сирења се особено богати со пробиотски бактерии. Секогаш купувајте сирови и непастеризирани сирења ако сакате да извлечете максимум од пробиотиците, бидејќи на пастеризираните и преработените сорти им недостасуваат корисни бактерии.

    Јаболков оцет

    Освен што го контролира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол, ја подобрува чувствителноста на инсулин, па дури и слабеењето. Јаболковиот оцет може да помогне и во зголемувањето на внесот на пробиотици. Пијте по малку секој ден (лажичка наутро) или користете го како додаток за салата, за да ги максимизирате резултатите од употребливоста.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Кисели краставици и корнишони

    Краставиците и корнишоните се неоправдано малку признат извор на пробиотици и природни бактерии со млечна киселина. Доаѓа зима, а со тоа и подготовка на зимско складирање. Затоа изберете ги краставичките за вашата зимница, но внимавајте да не користите премногу конзерванси и сол.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img