Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Friday, May 3, 2024

More
    домаАгро ВестиПад на производството на вино во ЕУ: Италија повеќе не е најголемиот...

    Пад на производството на вино во ЕУ: Италија повеќе не е најголемиот светски производител?

    petel baner

    Според првите проценки, ЕУ оваа година треба да произведе околу 150 милиони хектолитри вино. Производството на вино ќе падне за 12 отсто во Италија и 14 отсто во Шпанија.

    Производството на вино во Европската унија оваа година би можело да се намали за шест отсто, проценува Европската комисија. Причината се неповолните временски услови кои негативно се одразиле на реколтата во Италија и Шпанија. Ова е информација од најновиот извештај за краткорочните перспективи на земјоделското производство.

    Франција се врати на врвот 

    Според првите проценки, ЕУ оваа година треба да произведе околу 150 милиони хектолитри вино. Производството на вино ќе падне за 12 отсто во Италија и 14 отсто во Шпанија. 

    Екстремните временски услови и габични заболувања годинава ги опустошија лозовите насади во Италија. Таа ќе го загуби статусот на најголем светски производител на вино. Франција по осум години ќе се врати на врвот, според проценките во Брисел.

    Француското Министерство за земјоделство на крајот на минатата недела процени дека производството на вино во таа земја годинава ќе остане на минатогодишното ниво и ќе биде за три отсто поголемо од петгодишниот просек, кој изнесува 46 милиони хектолитри. Истовремено, ќе се забележат големи разлики меѓу регионите. ЕК предвидува дека Франција ќе произведе 45 милиони хектолитри вино, еден процент повеќе од минатата година.

    Закрепнување на производството се очекува и во Германија. Проценетата стапка на раст е 16 проценти, благодарение на доволно врнежи во клучните фази на растот. Речиси иста стапка на зголемување на производството треба да се забележи и во Португалија, каде што има извештаи за добар квалитет на грозјето.

    Куповната моќ е слаба, продажбата паѓа

    Потрошувачката на вино, особено црвеното, може да се намали за 1,5 отсто бидејќи потрошувачите се свртуваат кон други пијалоци, особено пиво. Дополнително, посочува Комисијата, куповната моќ на граѓаните на ЕУ е послаба. 

    Agrobot

    Пониска е и странската побарувачка, што ЕК го објаснува со послабата куповна моќ на некои извозни пазари и солидните залихи, по рекордниот извоз на некои пазари во последните две години.

    Стагнација на извозот, помал увоз

    „ Во сезоната 2023/2024, извозот на вино од ЕУ може да се засили со пониски цени, иако во исто време конкуренцијата од производителите надвор од ЕУ може да се зајакне, и тоа во поевтиниот сегмент“, смета Комисијата, која затоа предвидува стагнација на извозот оваа сезона. Сепак, очекуваат позитивни резултати во извозот на пенливи вина.  

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Што се однесува до увозот, се очекува тој да се намали за 4,3 отсто, а во однос на петгодишниот просек за 18 отсто, на шест милиони хектолитри. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

     

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img