Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Saturday, May 4, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт за совршен бешамел сос

    Рецепт за совршен бешамел сос

    petel baner

    Лазањите, тестенините, зеленчукот и разни видови месо невозможно да се замислат без бешамел сос. Иако се чини дека начинот на подготовка е лесен, многу домаќинки се жалат дека овој сос добива горчлив вкус.

    Тоа најчесто се случува затоа што дозволуваат млекото да зоврие, па тогаш во него се сипаат растопен путер измешан со брашно, што веќе бил термички обработен.

    Тоа се две клучни грешки поради кои бешамелот станува невкусен, а понекогаш дури и нејадлив.

    За да биде бешамелот кремаст, мазен и со неутрален вкус, важно е во садот со путер и брашно постепено да го сипете добро загреаното млеко.

    Исто така, температурата на ринглата не смее да биде на максимум, во спротивно брашното ќе почне да горчи. На крај, за бешамелот да биде кремаст, треба постојано да го мешате, како и повеќето други сосови што содржат брашно.

    Состојки:

    – 800 мл млеко

    – 2 лажици брашно

    – 70 г путер

    – сол, бибер, морско оревче (по избор)

    Подготовка:

    Во тенџере ставете го путерот што отстојал на собна температура, па растопете го на тивок оган. Потоа додајте две лажици брашно и благо мешајте за да се соединат путерот и брашното.

    Во друго тенџере сипете го млекото, па загрејте го на ринглата. Тргнете го садот од шпоретот пред да зоврие млекото.

    Agrobot

    Во тенок млаз, полека сипајте го млекото во садот со путерот и брашното, цело време мешајќи со лажица за готвење или жица за матење. Температурата на ринглата треба да биде на јачина три ако максималната јачина е 10.

    Немојте да го ставате целото млеко одеднаш. Тајната на кремастиот бешамел е во постепеното додавање млеко во путерот и брашното.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кон крајот на готвењето, во сосот сипете сол, свежо мелен бибер и по желба свежо рендано морско оревче.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img