Ф’стаците се најздравата ужинка која го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот и го забавува стареењето.
Во групата јаткасти плодови, ф’стаците секогаш се препорачуваат како подобра опција од останатата преработена храна како што е чипсот и останатите нездрави производи.
Богати се со 20% протеин, кој прави да се чувствуваме сити и придонесува за одржување на балансирана телесна тежина. Освен тоа, богати се со антиоксиданти, односно се наоѓаат на второ место по оревите и пеканите, а се одличен извор и на здрави масни киселини и калиум.
Еве кои се придобивките од консумирање ф’стаци:
Добро варење и метаболизам
Тие се богати со природни влакна и функционираат како пробиотик, кој придонесува за добро варење на храната.
Намален крвен притисок и холестерол
Тие се познати по тоа што придонесуваат за намалување на холестеролот. Поради богатството од природни влакна и високото количество на и големи количини полинезаситени и мононезаситени масти се одлични за намалување на холестеролот и намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, кога се комбинираат со останатите јаткасти плодови и семиња, тие придонесуваат и за намалување на крвниот притисок.
Подобрена циркулација
Аминокиселините се важни за нашето тело, но тоа самото не може да ги произведе. Затоа, потребна ни е храна која е богата со аминокиселини. Тоа се ф’стаците кои ги штитат крвните садови и ги прават пофлексибилни.
Подобро здравје на очите
Ф’стаците имаат највисоко ниво на зеаксантин и лутеин меѓу јаткастите плодови, кои ги штитат очите од оштетување предизвикано од сината светлина, како и од макуларна дегенерација – болест на очите што може да предизвика губење на видот како што старееме.
Намалување на телесната тежина
Јадењето ф’стаци исто така може да ни помогне да ја намалиме телесната тежина. Тие се богати со влакна и протеини, што резултира со чувство на ситост и може да ви помогне да јадете помалку.
Но, важно е да избираме ф’стаци кои не содржат многу солта, бидејќи солта е штетна за организмот. Доколку можете, купувајте ги од продавниците за здрава храна.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK