Подгответе ја оваа вкусна кремаста пилешка чорба, по стар турски рецепт.
Потребни состојки:
1 пилешки стек
сол, бибер, сув рузмарин
1 главица кромид
2 чешниња лук
2 стапчиња целер
1 праз
1 морков
1 црвена пиперка
Малку брашно
Масло
Вода
100 грама фиде
Подготовка:
Во длабоко тенџере се динстаат кромидот, ренданиот морков, и ситно сечканите целер, црвена пиперка и праз. Додадете сол и бибер. Додадете го ситно сечканиот лук и 2 лажици брашно. Промешајте, па истурете вода и варете додека сè убаво не се измеша.
За тоа време пилешкото исецкајте го на ситни парчиња, извалкајте го во брашно, сол, бибер и сув рузмарин. Пржете го додека не порумени, па процедете го и додадете го во готовата супа. Во тенџерето додадете го фидето, неколку ловорови листови и свеж магдонос. Уќивајте во одличниот вкус на оваа пилешка чорба.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK