Овоштарите кои се дел од европската чадор асоцијација на земјоделци „Копа – Когека“ се вознемирени од бројот на пресретнати увезени цитруси загадени со штетници.
Во периодот од јануари до август 2023 година, европската царина пресретнала 33 пратки со цитруси од Јужна Африка кои биле носители на болеста црна дамка.
Истовремено, во последните четири контроли е пријавено присуство на лажен молец кај мандарини и грејпфрут, кои исто така доаѓаат од Јужна Африка и Израел.
Овие штетници се значителен ризик за производството и треба да ги поттикнат европските власти да преземат подалекосежни мерки, велат овоштарите. Тие се вознемирени од оваа честа појава и стравуваат дека болестите би можеле да ги загрозат европските овошни насади.
Мал или никаков пад е забележан во бројот на пресретнати серии на паразити кои носат цитрус, особено од Јужна Африка. Ова е голема опасност, бидејќи во Европската унија има околу 600.000 хектари површини под цитрус, пишува „Агроклуб“.
Цели економии на многу региони зависат од синџирот на снабдување на овие овошни видови. Ако болеста ги зафати овоштарниците во ЕУ, тоа ќе биде катастрофа и за производителите. Како и за целиот синџир на снабдување и ќе ја загрози понудата на цитрус за потрошувачите.
Рамон Арменгол, претседателот на „Копа – Когеке“ рече дека ова здружение е за слободна трговија. Но не сакаат да увезуваат штетници во ЕУ кои имаат потенцијал да ги уништат сите овошни насади.
Европската комисија воведува мерки за поттикнување на студениот третман за увоз на портокали. Но тој треба да стане задолжителен за увоз на мандарини и грејпфрут, според препораката на ЕФСА.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK