Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопшти дека вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46198 денари.
Најголем дел од оваа кошница, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.
За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK