Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиВо кои јадења се става Куркума и која е препорачаната дневна доза?

    Во кои јадења се става Куркума и која е препорачаната дневна доза?

    petel baner

    Куркума – има неверојатен спектар на антиоксидантни, антитуморни, антимутагени, антибиотски, антивирусни, антигабични, антидијабетични и антиинфламаторни својства. Станува збор за исклучително здраво растение кое на целата планета е познато повеќе како состојка за зачини отколку како лек. Природата сè уште е извор на најдобрите можни лекови. Еден од нив кој има толку многу позитивни ефекти врз здравјето што е тешко да се набројат е куркумата.

    Оваа компонента на познатото кари доаѓа од Далечниот Исток. Сите нејзини лековити моќи му се припишуваат на куркуминот, главната компонента на овој познат зачин. Покрај тоа што е природен бактерицид и антисептик, куркуминот има фантастични антиоксидантни, антибиотски, антитуморни и антимутагени својства, па затоа долго време се користи за спречување на рак.

    Otkup na kompiri

    Куркума и здравје

    Кога куркумата се комбинира со карфиолот, силно го спречува ракот на простата, дојката и меланом, го запира растот на малигните клетки и го намалува ризикот од детска леукемија. Покрај тоа, совршено го чисти црниот дроб, го спречува и успорува прогресијата на Алцхајмеровата болест со отстранување на наталожените наслаги во мозокот.

    Можеби најважно е неговото антиинфламаторно дејство, бидејќи е исто толку ефикасно како и лековите, но без никакви несакани ефекти, па може одлично да се користи за помош при артритис и ревматоиден артритис.

    Истражувањата покажаа дека успешно помага во разградување на мастите, промовира губење на тежината, ја забавува прогресијата на мултиплекс склероза и е ефикасен против псоријаза.

    Истражувањата покажаа дека куркуминот, кој се наоѓа во куркумата, го спречува формирањето на згрутчување на крвта поради неговата антикоагулантна активност.

    Куркумата се користи и за болки во стомакот и за синдром на нервозно дебело црево. Една студија потврди дека куркуминот ја ублажува болката во пределот на стомакот, како и ибупрофен.

    agrounik

    Дневна доза на куркума

    Светската здравствена организација (СЗО) одреди 1,4 mg на килограм (0–3 mg/kg) телесна тежина како прифатлив дневен внес на куркума.

    Како и за се, внимавајте и со куркумата, користете ја во мали количини, а не се препорачува за трудници и лица со камења во жолчката.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во кои јадења се додава?

    Ви даваме неколку примери на јадења во кои се додава куркума, и менувајте ја бојата и вкусот на вашето јадење.

    • За почеток, можете да додадете прстофат куркума во омлетот
    • Малку зачинетиот вкус на куркумата фантастично оди со карфиол и корен зеленчук
    • Кога подготвувате рижото или можеби самиот бел ориз како прилог со главно јадење, мора да додадете куркума
    • Со цел вашата омилена супа да ве загрее уште подобро, слободно додадете куркума
    • Направете златно млеко кое се користи против настинка и грип.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img