Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

25.8 C
Skopje
Thursday, July 18, 2024

More
    домаАгро ВестиВладата го усвои новиот закон за вино

    Владата го усвои новиот закон за вино

    petel baner

    Владата на седница, по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати новиот Закон за вино.

    Имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и производи од вино, МЗШВ пристапи кон донесување на нов Закон за вино, кој во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство.

    – Овој нов предлог закон за вино е на страна на лозарите и решава уште еден проблем, а тоа е откупната цена. Па така со новиот закон за вино, за првпат, ќе се утврдува производната цена на винско грозје по килограм. Најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет. Согласно дадена методологија, предвидено е да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.

    agrounik

    Преку новиот закон за вино, системот на заштитата на географските индикации на виното во целост се усогласени со европското законодавство. Предвидувајќи да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака.

    Традиционалниот назив на виното на национално и меѓународно ниво се заштитува со традиционална ознака.

    – Вината со географска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или географски карактеристики,. Односно да бидат произведени од грозје кое потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје. И производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје. Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони, и виногорја, локалитети, месности. Производството на вино со географска ознака ќе биде следено од сертификациони тела. Процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ, се наведува во соопштението.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Новиот закон за вино е изработен во консултација со земјоделците, винариите, научната јавност и земјоделските здруженија. Новиот закон за вино има за цел уште поголем развој на овој значаен сектор. Зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на винската мапа, како и поголема сигурност за лозарите, велат од МЗШВ.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img