Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево информираше дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво „Сокол” Зајас при направени анализи кај отстрелани диви свињи откриена е Африканска свинска чума.
Нивното соопштение за појавата на фриканска чума кај диви свињи гласи:
-Почитувани членови на ЗЛСРР “Елен” – Кичево, ве информираме дека во ловиштата со кои стопанисува Ловното друштво “Сокол” Зајас, по направената лабораториска анализа на примероците од отстреланите диви свињи, за една единка е добиен позитивен резултат на вирусното заболување Африканска свинска чума.
Поради тоа апелираме задолжително да се почитуваат препораките на Агенцијата за храна и ветеринарство и биосигурносните мерки при лов.
Задолжително пријавате доколку се пронајди леш од дива свиња и уредно извадете ги потребните примероци од отстреланите диви свињи за лабораториска анализа!, информираат од Здружението за Лов-ЕЛЕН од Кичево.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK