Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

31.8 C
Skopje
Sunday, July 14, 2024

More
    домаАгро ВестиОткупот на тутун нема да почне без зголемени цени

    Откупот на тутун нема да почне без зголемени цени

    petel baner

    Тутунарите бараат зголемување на откупните цени. Тие нагласуваат дека нема да се дозволи да почне откупот на тутунот додека не се постават повереници на вагите.

    Како што вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија некои помали компании сакаат да почнат со откуп, но ние не отстапуваме од ставот за повисоки цени.

    Според него може да се почне со откуп на тутунот, а најдоцна до 15 декември треба да ги отворат пунктовите, а мострите тутун се запечатени, според законскиот рок.

    – Нема да отстапиме од ставот за повисоки откупни цени на тутунот за да имаме исплатливост за производство. Додека не се зголемат цените нема да поставиме повереници на откупните пунктови. За тоа се информирани фирмите. Нашето барање е цените да се зголемат. И ќе преговараме за тоа, рече Стомнароски.

    В понеделник Министерството за земјоделство веќе има закажана средба со откупувачите, а ќе присуствуваат и претставниците на тутунарите.

    – Ја очекуваме поддршката од Министерството за тоа дека производството само со исплатливост, со реални цени, може да опстои како стратешка култура. Вака, нема интерес и не само кај младите генерации, рече Стомнароски.

    Годинава производството на тутун е за една третина намалено.

    Ако лани беа околу 21.000 тони, годинава се 13.000 до 14.000 тони тутун, иако со компаниите се договорени количества од 26.000 тони тутун.

    agrounik

    – Тутунот е со висок квалитет, ама количински е малку. Влијаеја климатските изместувања, кога се садеше беше дождливо, калливо, кога растеше беше сушно. А друга причина е што нема кој да го  произведува, зашто за младите генерации не е атрактивно и исплатливо, заклучува Стомнароски.

    Лани се постигна просечна откупна цена од над 290 денари за килограм. Инаку, по класи, моментално цените се: за прва 300, за втора 240, а за трета класа 180 денари. Тутунарите сакаат реална цена да им ги покрие трошоците и да имаат исплатливост.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Годинава тутун ќе купуваат 10 компании кои, според Сојузот, обезбедиле гаранции дека ќе го платат откупеното. Во земјава со тутунопроизводство се занимаваат околу 17.000 семејства.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img