Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаситеЈадете леќа за да ја победите слабокрвноста

    Јадете леќа за да ја победите слабокрвноста

    petel baner

    Леќата изобилува со витамини од Б групата кои поволно влијаат на нервниот систем, додека високата концентрација на железо помага во спречувањето на слабокрвноста.

    Ова мешунка претставува концентрирана храна која претставува одличен извор на енергија која доаѓа од протеините и јаглените хидрати, затоа што леќата практично не содржи масти. Бидејќи малку ја зголемува киселоста на организмот добро е да се јаде во комбинација со зелен зеленчук.

    Леќата е богата со влакна, така да одлично го регулира работењето на цревата. Само 100 грама сурова леќа ги задоволува скоро сите хранливи потреби на врвните спортисти. Добро е да се консумира со лимон кој е богат со витамин Ц бидејќи ќе се подобри впивањето на железото од леќата.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    За внесување на сите аминокиселини најдобро е леќата да се комбинира со ориз. Леќата најдобро се подготвува така што преку ноќ се потопува во вода, а наутро се мие и се остава влажна. Потоа повторно 3-5 пати се мие со вода се додека не почни да рти, што се случува за 24 часа. Штом ќе се појават малите никулци, леќата може да се консумира како додаток во разновидни салати.

    Ова постапка на подготовка важи за сите мешунки. Леќата подготвена како манџа или супа е одлична храна како за возрасни така и за мали деца. Од минерали најмногу содржи калциум, железо, магнезиум и фосфор, а од витамини содржи витамин Ц, Б и фолна киселина. Според процената на докторите леќата е потребно да се јаде три пати во неделата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Постои дури 40 вида на леќа, во супите најчесто се користи црната леќа, зелената леќа се користи како додаток на салатите или во манџи, црвената леќа со варењето станува по структура кремаста, додека розова леќа најчесто се користи во зачинети чорби.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img