домаситеИма чуден изглед, но е највкусно овошје на светот

Има чуден изглед, но е највкусно овошје на светот

Prokredit baner

Черимоја е овошје познато и како тропско јаболко, претставува комбинација на тропски ароми што нуди вистинска симфонија на вкусови од кокос, банана, ананас и папаја.

Не е ни чудо што Инките го чуваале ова вкусно овошје за најпривилегираните. А, големиот Марк Твен изјавил дека ова овошје го има најубавиот вкус кој им е воопшто познат на луѓето.

Черимојата потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Постои во суптропските региони во светот, а најголем комерцијален производител денес е Шпанија.

Семенарна хоризонтален банер

Тропското јаболко е бодликаво и има жолтозелено корупка. Во внатрешноста е бело, се јаде така што овошјето се пресекува на половина, а потоа се консумира со лажица.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Може да се збогати и со сок од лимета, но веројатно е најдобро да се ужива во единствениот вкус притоа не додавајќи ништо.

Черимојата е богата со витамините Ц, како и железо, калциум и фосфор. Таа помага дури и при воспаленија на мочниот меур и бубрезите.

Тигар лого гиф

Плодовите се собираат додека се сеуште цврсти, со оглед на фактот дека созреваат на домашна температура, на сонце. Кога е зрела, таа попушта под притисок на прстите, како кивата и авокадото.

Внимавајте да не купувате кафеавкасти или згмечени плодови, бидејќи тоа го означува крајот на нивниот рок на трање.

Petel.mk

Секако, може да ги користите и во различни салати или како додаток на различни јадења.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img