Една од најбараните намирници во ова време е раштанот, односно ливкаст кељ, тревен медитерански зеленчук кој е малку подзаборавен.
Раштан е прогласен е за една од најздравите намирници во светот и е достапен речиси во текот на целата година. Сепак, тој е најбаран во зимските месеци бидејќи тогаш неговиот вкус е најсладок.
Раштанот, како и другите ливкасти зелени растенија, е богат со сулфурни материи кои штитат од рак, а исто така е одличен извор на калциум, кој е важен за јачината на коските. Богат е и со калиум, цинк, манган, магнезиум, фосфор и железо, бета-каротин (витамин А), лутеин, зеаксантин, витамини Б, Ц, Е и К, како и омега-3 масни киселини и триптофан, кој го регулира сонот.
Нискокалорична намирница
Покрај сите овие придобивки за човечкиот организам, раштанот е и нискокалорична храна. Па дефинитивно многу почесто треба да се наоѓа на нашето мени, 100 грама раштан содржи само 30 калории и е богат со влакна. Одличен избор е за детоксикација на организмот, особено после празници и калорична храна.
Покрај варењето, раштанот е одличен сојузник во борбата против многу болести. Го намалува ризикот од срцеви заболувања, го подобрува здравјето на очите. Ги зајакнува коските, богат е со фолна киселина, па затоа се препорачува и за трудници.
Гответе го на пареа
Гответе го на пареа или во топла вода, но не преварувајте за да не ги изгуби вредните хранливи материи и да стане горчлив. А освен супи, чорби и слично, можете да подготвите и сарма со листови раштан. За ова јадење одберете млади листови.
За повеќе корисни стории посетете ја веб страната www.zemjodelie.mk , како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK